Вести Македонија

Највисока корупција е присутна во урбанизмот, покажува истражувањето на платформата „За борба против корупцијата“

Највисок степен на корупција е присутен во урбанизмот и просторното планирање покажува истражувањето на платформата „За борба против корупција“ во која членуваат повеќе граѓански организации. Системско мапирање на ризици од корупција во животната средина е фокусот на ова истражување.

„Во поглед на пространетоста на корупција во рамки на ова истражување 83,1 % од испитаниците рекле дека познаваат некој нивен близок роднина или пријател кој што бил жртва или под притисок на корупција, што говори дека граѓаните многу често се среќаваат со корупција, некои од формите и на индиректен начин. А што се однесува до подиректниот начин односно корупциски притисок може да се види од последниот извештај за процена на корупцијата на МЦМС кој што исто така е доста висок и изнесува околу 73%.“ – изјави проект координаторот, Александар Цеков.

За антикорупционерите недостиг на јавни расправи и транспарентност, злуопотребата на одредени двосмислености во законите, ниските казни за причинетата штета и високиот степен на дискрециони овластувања во локалната самоуправа се дел од причините за ризик од корупција во урбанистичкото планирање.

„Постои недоволна транспарентност и недефинираност на постапките за изработка и донесување на урбанистичките планови. Дополнително голем ризик е и недоволната ангажираност на инспекциските служби и потребата од јакнење на нивните капацитети, како на централно така и на локално ниво“ –оцени претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Ризикот од корупција во урбанистичкото планирање директно влијае и врз животната средина.

„Веќе долги години апелираме дека нема усогласеност на ваквите политики и она што недвосмислено ни го посочува Бернската конвенција,  а тоа е дека мораме да си ги усогласиме законските решенија за урбанизам градежништво, заштита на природа заштита на животна средина поради неусогласеност на законските решенија“ – подвлече Ана Чоловиќ Лешоска од НВО „Еко свест“.

Законот за урбанистичко планирање е еден од оние кои претрпеле голем број измени низ годините.

Последната измена е минатата година, повторно е предложен нов закон за кој стручњаците сметаат дека треба да се темели  на регулатива која нема да ги загрозува принципите на владеење на правото и урбанистичко планирање.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе