Вести Економија

До 2030 година ќе се затворат РЕК Битола и Осломеј со цел намалување на загадениот воздух и неплодност на населението

Надлежните ќе го решаваат проблемо со загадениот воздух со инвестирање во обновливи извори на енергија и со затворање на термоелектраните РЕК Битола и Осломеј до 2030 година. Ова денеска го кажа министерот за животна средина, по објавените резултати за влијанието на загадениот воздух врз намалувањето на плодноста и зголемувањето на предвремената смртност на граѓаните во Македонија.

Инвестирање во обновливи извори на енергија што ќе се добива од соларни панели и ветерници и затворање на термоцентралите РЕК Битола и Осломеј до 2030 година. Со оваа стратегија во енергетиката, ќе се намали загадувањето на воздухот и неплодноста на населението, смета министерот за животна средина Нуреини. Неговата изјава на денешниот брифинг доаѓа по објавените истражувања на „ Обединет Балкан за чист воздух“ и  на Европската агенција за животна средина, според кои изложеноста на загаден воздух за 10 % ја намалува плодноста кај жените, но и кај мажите, ризикот за спонтани абортуси и мртвородени деца е зголемен за 13 %, а 3400 граѓани во Македонија годишно умираат поради изложеност на ПМ2,5 честички.

  • Ние ја подржуваме не само со наши инвестиции , ЕСМ, која инвестира во соларни панели, сега во Осломеј и има втор проект за 30 МW ,  во Битола. Очекуваме тоа да помине како точка во Собранието и да почнеме со тој проект. Но идејата наша е до стратегијата , да ги затвориме РЕК Битола и Осломеј , најкасно до 2030 година, иако според проектот е до 2028 година- Насер Нуредини-министер за животна средина.

Забалежано е намалување на потрошувачката на кеси, откако од први декември лани беше забранета продажбата на пластичните . За 10 пати е намалена продажбата во маркети каде порано кесите се давале бесплатно, а за 4 пати е намалена во маркетите кои ги продавале. Од продажбата на биоразградливи кеси по цена од 15 денари , се собрани 240 000 евра. Сумата ќе влезе во програма што допрва ќе се прави , со која ќе се инвестира во селектирањето отпад на ниво на локална самоуправа , со контејнери за пластика и конзерви. Проблемот со пластични кеси на кои рачките им се исечени, а се користат за пакување на зеленчук и овошје ќе се решава со зајакнати контроли.

  • Според законот сѐ што е поголемо од 15 микрони значи дека е кеса за стоки. Дали има рачки  или не, тоа значи дека е кеса која не може да биде бесплатна. Да сечат рачки и да ги употребуваат за носење  не е дозволено. Во контакт сме со Пазарниот инспекторат за да бидеме посторги со контроли и да ги имплементираме нашите закони- Насер Нуредини- министер за животна средина.

Министерството за животна средина ќе го подржи формирањето Фонд за животна средина, а привршуваат и подготовките за добивање кредит од ЕБОР, во висина од 55, 3 милиони евра за изградба на регионални депонии во Русино, Новаци и Василево.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе