Во среда со значително облачно веме и повремени локални врнежи од дожд, само на повисоките планини ќе има снег. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.
Од четврток со постепено стабилизирање, намалување на облачноста и затоплување.
Агропрогноза: Промената на времето во оваа недела, со зголемување на облачноста и пораст кај температурата ќе им овозможи на тутунарите да продолжат непречено со примарната манипулација во домашни услови и припрема за откуп, како и работи на отворено за садење на овошки, доколку почвените услови тоа го дозволуваат.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/