Во даночната пријава за 2020 година Националната Филхармонија навела 112 вработени. Колку биле ангажирани на договор на дело како хонораци и како се организирале конкурсите за нововработените, финансиските ревизори не успеале да фатат „крај со крај“ во документацијата на Филхармонија. Држвниот завод за ревизија јавно обелодени, на институцијата ѝ даде црвено светло, а одговорноста за недостатоците ги стави на адреса на раководството и на крај заклучи дека со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност за 2020 откриени се следните состојби:
Невоспоставен систем на внатрешни контроли во процесот на плаќање, не се донесени пишани процедури за потврдување на вистинитоста и објективноста на финансиската документација и не се недефинирани надлежности и одговорности на лицата инволвирани во процесот; – недостатоци во актите со кои се врши ангажман на нововработени лица и пропусти при реализацијата на активностите во врска со конкурсот за нови вработувања, се наведува во извештајот на ДЗР.
Филхармонија не знае ниту што поседува од опрема, бидејќи на ревизија им испорачале нецелосен попис, а во графите бележеле нерални ниски цени за вредноста на музичките инструменти кои ги поседуваат. Но, затоа се исплаќале паушали за користење на инструментите на вработените.
Недостатоци во делот на поткрепувачката документација при признавањето на основаноста на дел од примените фактури за стоки и услуги, извршени исплати за надоместоци за користење на сопствени инструменти на вработени и потрошен материјал без соодветен правен основ, се вели во извештајот на дзр.
Ревизорите помалку критика навеле во делот со јавните набавки иако и таму има слабости, а раководството не успеало да обезбеди оправдување како се формирала цената на билетите и колку чинеле трошоците. За оваа, и за повеќете забелешки државниот завод бара од филахрмонија да утврди методлогија и да ја усогласи документацијата со потрошените средства.
Павле Беловски