ИЗбоден малолетник – претепан малолетник, каменуван автобус на ЈСП, дивеење на навивачка група. 2019 телефонот на МВР, заѕвонил 159 пати заради пријави за насилство. Безмалку за сите инциденти причината била различната етничка припадност. Според годишниот извештај за насилтвото на хелсиншкиот комитет во земјава најмногу се пресметувале албанските и македонските малолтеници и тоа во главниот град.
„Зголемениот број инциденти извршени по основ на етничка припадност достигнува алармирачки 86 отсто од сите регистрирани инциденти. Речиси сите инциденти се случиле помеѓу припадници на македонската и на албанската етничка заедница, а најзагрижувачки е фактот дека огромното мнозинство на жртви и сторители на тие инциденти се малолетници/младинци.“, се наведува во извештајот на хелсиншкиот комитет
Арената на инцидентите се двете градски населби Центар и Аеродром, а загрижувачки е фактот дека дел од нападите се извршени од одмазда поради претходна инцидент.Најчесто, еден инцидент содржи две или повеќе кривични дела, па од тие причини бројот на кривични дела е далеку поброен од бројот на инцидентите ,а најборјн исе кривичните дела насилство, но дури 16 случаи биле пријвани измиантата година со нанесување тешки телесни повреди.
Секој десети инцидент го пријавила политичка партија. Или е нападнат активист или е оштетен имот на партијата, се наведува во извештајот. Сѐ уште е нејасно дали властите ја препознаваат разликата помеѓу делата од омраза и говорот на омраза за што се направија измени во Кривичниот законик кои се однесуваат на криминал од омраза, а стапија во сила на 8 јануари 2019 година, се наведува оза клучокот на комитетот.
Павле Беловски