Македонија Најважни

Сѐ уште неизвесно дали Бугарија ќе ја крене рампата за Македонија, Османи не сака да ги поткрева надежите

Македонија в понеделник ќе се обиде, можеби последен пат пред Самитот на ЕУ, на највисоко ниво да ја убеди Бугарија да ја крене рампата за земјава старт на преговори. Премиерот Зоран Заев, заедно со шефот на дипломатијата Бујар Османи ќе се обидат бугарскиот претседател, Роман Радев, на состанокот кој ќе го имаат со него во Брисел во рамки на Самитот на НАТО, да го уверат дека вето од Бугарија е геополитичка грешка и оти португалскиот предлог за затворање на ова прашање е добро за двете страни.

„Португалскиот предлог го има пополнето целиот простор кој што постои и допира по црвените линии на сите страни, но не ги преминува. И тоа не само нашите, и на бугарските и на ЕУ, и тоа е убавината и креативноста на тој предлог. Не го гледам како почетна основа која што може да  надогради посебно, бидејќи просторот е зафатен, меѓутоа се надевам дека ќе има објаснување, интерпретација, на различните одредби од предлогот кои што ќе бидат поприфатливи за сите страни“, вели Османи.

Османи и по три недели по врачувањето на португалскиот предлог до Софија и до Скопје и отворените директни пораки од најмоќните европски државави, но и САД, дека преговорите со земјава треба да почнат, не открива дали има промена на позициите на Софија и какви сигнали стигаат таму, иако читано меѓу редови неговиот оптимизам се чини спласнува.

„Остануваат разликите со република Бугарија. Јас не сум во состојба во моментот да кажам каков ќе биде исходот на 22 јуни. Ние работиме како тоа да ќе се случи, но не можам да ги кренам очекувањата на граѓаните бидејќи е неизвесно заради тоа што нејасно е дали во Бугарија има политички мандата по однос на прашањето и дали ќе има договор по португалсиот предлог“, вели Османи.

Според Османи три фактори ќе одлучат дали ќе има решение или не со Бугарија. Првиот е дали Софија има политички мандат да дозволат одржување на прва меѓувладина конференција со ЕУ со техничка влада, вториот е каде ќе се најде патоказот за исполнување на Договорот од 2017, дали во преговарачката рамка или во Советот за стабилизација и асоцијација и третиот е дали ќе биде постигнат договор за содржината на патоказот.

„Доколку има договор за овие три прашања ќе има решение, доколку нема ќе нема решение“, кратко рече Османи.

Решенито, вели Османи, се бара исклучиво во рамките на португалскиот предлог.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе