Вести Свет

Европратениците ја отфрлија иницијативата за недоверба на Урсула фон дер Лајен

Европскиот парламент со големо мнозинство го одби предлогот на романскиот европратеник Георге Пипереа за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен.

„За“ прифаќање на иницијативата гласаа 175 европратеници, 360 беа „против“, а 18 се воздржаа од гласање. 

За да биде прифатена иницијативата требаше да биде поддржана од најмалку две третини од европратениците што учествуваа во гласањето, при што нивниот број требаше да биде поголем од половина од вкупниот број членови на Европскиот парламент.

Дебатата по иницијативата се одржа во понеделникот, при која Пипереа ја обвини Европската комисија за недостиг на транспарентност, непочитување на правдата, избегнување на дебати и за заобиколување на одлуките на Европскиот парламент.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци, се трага по убиецот

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе