Вести Македонија

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

По изгласувањето на извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот парламент, од чии финални формулации беа отстранети споменувањата на македонскиот јазик и идентитет, премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше, нарекувајќи го овој момент „нов Крушевски манифест“ за Македонија.

Мицкоски оцени дека со гласањето во Европарламентот, вистината излегла на површина и дека ЕУ јасно покажала што очекува од Македонија – услови кои не важат за ниту една друга држава-кандидат.

„Тоа се политичари од врвен калибар, кои совршено знаат што е суштината на овие барања. Сега сè им е сервирано на тацна. Не сакам никој повеќе да ми зборува дека бугарското малцинство е проблем – уште утре можеме да го внесеме во Уставот. Но суштината е поинаква. Проблемот не е во тоа, туку во триесетгодишната стратегија која ја водат низ европските ходници против македонската нација“, рече тој.

Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година.

Пред гласањето по документот, беа усвоени амандманите предложени од европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), со кои се избришани делови од текстот во Извештајот каде се споменуваа „македонскиот јазик и идентитет“.

ЕП го усвои Извештајот за Македонија без македонскиот идентитет и јазик

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невработени му пишувале на Стојачне Ангелов на фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20 илјади денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

„Меѓаши“ го осудува насилството врз врзаното девојче од струмичко Ново Село

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе