Триесет и осум работници од трета смена се затруле од оброкот во прилепска фабрика кон крајот на мај. Од фабриката се обиделе да го сокријат ова масовно труење, па Центарот за јавно здравје дознал шест дена по настанот од анонимна пријава.
Кај дел од работниците имало потешки симптоми со висока температура, гадење, повраќање, кај другите болки во стомакот, нагон за повраќање, а до труење дошло од храна која доставувачот ја донел во фабриката.
Но, поради задоцнетата пријава од Центарот за јавно здравје во Прилеп не можеле да го пронајдат изворот на заразата во објектот на доставувачот. Сепак, се знае дека затруените работници ја имале бактеријата салмонела.