Европските пратеници дебатираа за извештајот за Македонија на известувачот Томас Вајц за кој тој рече дека треба ја дава целата слика каде е земјата во однос на европските интеграции, но дека се уште се бараат реформи.
Извештајот зборува за уставниот амандман кој е потребен за да почнат преговорите кој ги вклучува малцинствата, меѓу кои и Бугарите, за борбата против корупцијата, а нотира и странско влијание. На дебатата се слушнаа и остри изјави од бугарски и грчки пратеници, но и гласови на поддршка. Гласањето е закажано за утре.