Вести Свет

Нетанјаху за Палестинците во Газа: Може да останат, а може и да си одат

Кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигна синоќа на вечера во Белата Куќа, со себе го донесе веројатно најдобриот можен подарок за егото на својот домаќин, американскиот претседател, Доналд Трамп – писмо со кое го номинира за Нобеловата награда за мир. Трамп делуваше изненаден од номинацијата, но секако пријатно изненаден.

Трамп и во својата предизборна кампања, но и сега, како шеф на американската држава, често зборуваше за својата желба да им стави крај на сите конфликти во светот, вклучувајќи ја и војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Откако ја презеде власта, администрацијата на Трамп на еврејската држава ѝ продаде оружје во вредност од речиси 12 милијарди долари, под изговор дека мора да се грижи за својот најблизок сојузник на Блискиот Исток.

Нетанјаху голем дел од ова американско оружје го искористи во воената офанзива во појасот Газа каде, според проценките на Обединетите Нации, целосно уништени или оштетени се речиси 92% од сите станбени објекти – околу 436 000 домови. Во израелските напади убиени се и 57.000 Палестинци, голем дел од нив жени и деца.

Израел своите напади против болниците и училиштата ги оправдуваше со тврдењето дека во нив се кријат припадници на Хамас.

Ова страотно уништување во Газа доведе до тоа околу 90% од населението во појасот Газа, каде живеат речиси 2,4 милиони луѓе да мораат да ги напуштат своите домови.

Што да се прави сега со палестинците во Газа, кои живеат во катастрофални услови? – Нетанјаху, или Биби како што Трамп го нарекува пријателски има едноставно решение – „може да останат, а може и да си одат“.

„Знаете, ако луѓето сакаат да останат, може да останат. Но, ако сакаат да си одат, треба да може да си одат. Не би требало да бидат како во затвор. Треба да биде отворено место каде луѓето ќе имаат слободен избор. Соработуваме со САД одблиску, да ги најдеме земјите кои ќе го направат тоа што отсекогаш го велат – дека сакаат да им дадат на Палестинците подобра иднина“, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

Ваквиот став на Нетанјаху во некој поинаков контекст и за некоја друга земја би можел да се опише како повик за етничко чистење, но во Белата Куќа помина без коментар.

Силната поддршка на Трамп за израелските напади врз Газа, не го спречува американскиот претседател сега својата улога на миротворец да се обиде да ја докаже и во оваа палестинска територија, залагајќи се за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Ова примирје е многу блиску , тврди шефот на американската држава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе