Вести Македонија Топ вести

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Родителите на настраданите во кочанската дискотека „Пулс“, кои и денеска маршираа низ кочанските улици за правда за своите деца во понеделник ги очекуваат одговорите на барањото за институционална и финансиска поддршка, кое ги доставија до премиерот, Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието, Африм Гаши и претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова. Од Основното јавно обвинителство во Кочани немаат никаков одговор за следење на судскиот процес и за видео и аудио запис од судењето за трагедијата во Кочани, во која загинаа 62 лица, а 200 беа повредени.

Семејствата на загинатите млади луѓе во пожарот во Пулс велат дека не говорат пред институциите, бидејќи изминатиот период беа напаѓани на социјалните мрежи од страна на одредени членови на политички партии. Со свирчиња и труби секоја институција беше исвиркана.

Пред зградата на Основното јавно обвинителство порачаа дека бадијала стојат, бидејќи никој не ги слуша.

На маршот на ангелите секоја сабота се и дел од семејствата на повредени. Сметаат дека во моментов добро оди рехабилитацијата на Пониква, но сега претстои тешкиот и поскапиот процес на заздравување на повредените со изгореници.

Првата група од 45 повредени ја заврши рехабилитацијата на Пониква. Во одмарилиштетот на МВР се врши дезинфекција и се пркса против комарци, втората група од 45 повредени со рехабилитација почнува од вторник.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Десетици илјади шиитски муслимани маршираат кон Карбала за Ашура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе