Од Министерството за енергетика информираат дека не се изгубени средства од Реформската агенда, бидејќи роковите предвидуваат дополнителни 12 месеци за исполнување на обврските. Според Министерството, станува збор за рокови кои биле наследени од претходната влада, која, како што посочуваат, не започнала со реализација на обврските. Тие уверуваат дека тековната влада ќе ги исполни сите задолженија до 30 јуни наредната година.
Во однос на обврската за намалување на државната интервенција во цената на електричната енергија, од Министерството појаснуваат дека истата се спроведува во согласност со економската состојба, социјалната ситуација, куповната моќ на граѓаните и пазарните услови. Дополнително, тригодишниот план за реновирање на зградите на централната власт е во фаза на финална изработка.