Запленети се 100 килограми марихуана во Струмица, а три лица се уапсени во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност.
По наредна на јавен обвинител, вчера во 18:30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица биле лишени од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.
При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, управувано од Е.Б., биле пронајдени шест торби со 100 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми, стои во полициското соопштение.