Вести Свет Топ вести

Лавров: Западот никогаш нема да може да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Западот никогаш не успеал и никогаш нема да успее да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на средбата со неговиот киргистански колега Јенбек Кулубаев.

Сведоци сме на невидена конфронтација меѓу нашата земја и колективниот Запад, кој повторно одлучи да војува против нас и да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија, во суштина користејќи го нацистичкиот режим во Киев како овен за удар. Западот никогаш не успеал во ова, а нема да успее ниту овој пат, рече рускиот министер, според „Известија“.

Тој ја нагласи посебната важност на блиските врски со Киргистан во сите области.

Шефот на руската дипломатија истакна дека „и покрај санкциите и нелегитимниот притисок“ има зголемување на меѓусебната трговија меѓу Русија и Киргистан, и дека соработката во хуманитарните, образовните и другите сфери се шири, вклучително и на меѓународните платформи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одложено судењето на Нетанјаху поради дипломатски и безбедносни причини

Дејан Дејан

Орбан го обвини Брисел за „одвратната“ Парада на гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

Рекордно високи температури во Шпанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе