Вести Македонија Топ вести

Втор упис во средно на 30 јуни – слободни над 16.000 места

Втора можност за упис, електронско пријавување на 30 јуни ќе имаат полуматурантите што на првото пријавување во јуни не се запишаа во средно образование за учебнта 2025/2026.

Потребната документација до училиштата ќе се доставува наредниот ден на 1 јули, а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена на 2 јули до пладне.

За второто јунско пријавување има слободни 16.034 места за упис на ученици, од кои 10.758 за настава на македонски јазик, 4.781 на албански наставен јазик, 474 на турски и 21 слободно место за настава на српски јазик, покажуваат податоците од МОН.

За гимназиско образование има 3.727 слободни места и 12.307 за стручно образование.

По првото аплицирање, спроведено од 14 до 17 јуни, вкупно се запишале 13.712 ученици од 16.601 пријавени. Од нив, 10.172 учееници се запишани за настава на македонски јазик, 3.248 за албански, 279 за настава на турски и 13 ученици за српски јазик.

Во првиот уписен рок, над двојно повеќе ученици се запишале во стручните училишта, како 9.469 ученици отколку во гимназиите – 4.243 ученици.

Уписот на ученици веќе е завршен во гимназиите „Јосип Броз Тито“ во Битола и „Никола Карев“ во Скопје.

Во неколку училишта е спроведено и квалификациско тестирање поради поголем број пријавени ученици со исти бодови од предвидени слободни места, како во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје за образовните профили меедицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик, во СОМУ „Гостивар“ од Гостивар – за меедицинска сестра на албански наставен јазик и во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје на македонски наставен јазик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oд полноќ дизелот поевтинува

Дејан Дејан

Фирмата на „Пулс“ била во радарот на УЈП – директорката отфрла одговорност во постапување на институцијата

Дејан Дејан

Независните со апел до Собранието за независните кандидати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе