Вести Свет Топ вести

(Видео) Осомничени за подготовка на дела против уставниот поредок и безбедноста – уапсени шест лица во Србија

Шест лица се уапсени на повеќе локации ширум Србија поради основани сомненија дека извршиле кривично дело „подготовка на дела против уставниот поредок и безбедноста“, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. Во тек се претреси на повеќе локации. Уапсените се на возраст од 47 до 57 години. Меѓу нив и воени ветерани кои учествувале во војните во Словенија, во Хрватска и во Косово.

„Постои сомнеж дека тие, на 21 јуни, се состанале во хотел во Краљево, со цел планирање на насилна промена на власта во Република Србија и договарале напади врз претставници на државни институции, физички напади врз припадници на полицијата со цел за разоружување, насилни упади во зградата на владата на Република Србија и на други институции, како и на медиумски куќи – РТС, „Хепи“ и „Информер“ и се тоа со најава за употреба на огнено оружје“, се наведува во соопштението на српското МВР.

Против едно лице ќе биде поднесена и кривична пријава поради основано сомнение дека извршил кривично дело „Недозволено производство, поседување, носење и промет на огнено оружје и експлозивни направи“.

На осомничените им е одреден 48-часовен притвор, дел од нив, како што објавија српските медиуми, денеска треба да бидат изведени пред надлежното обвинителство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Жељазков- Кошта: Бугарија нема да поставува нови услови за Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе