Вести Свет Топ вести

Извештајот за нападот на САД врз Иран го оддал нискорангиран лузер – реакција на Белата куќа

Американските медиуми ја пренесоа првичната проценка на Разузнавачката агенција при министерството за одрбана на САД според која американските воздушни напади врз Иран само привремено ја забавиле нуклеарната програма на Техеран. И тоа за само неколку месеци.

Веднаш се огласи портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит која на платформата Икс остро ја нападна самата проценка.

„Таа наводна „проценка“ е целосно погрешна и класифицирана е како „строго доверлива“, а сепак на „Си-Ен-Ен“ ја оддал нискорангиран лузер од разузнувачката заедница. Објавата на таа „проценка“ е јасен обид да се понижи претседателот Трамп и да се дискредитираат храбрите борбени пилоти кои совршено ја изведоа мисијата на уништување на иранската нуклеарна програма. Сите знаат што ќе се случи кога ќе фрлите 14 бомби од 13.600 килограми точно на метите – тотално уништување“, порача Ливит.

Американски „Си-Би-Ес њуз“ објави оти извор запознат со проценката потврди дека прелиминарната анализа навистина сугерира дека нападите ја уназадиле иранската програма за само неколку месеци, а не дека ги уништиле постројките. Според него, нападите врз Фордо ги уништиле влезовите, но инфраструктурата за збогатување на ураниум, која се наоѓа длабоко под земја, останала воглавно недопрена.

Тој ги оспорува тврдењата на Ливит за квалитетот на извештајот, наведувајќи дека прелиминарните проценки обично се покажуваат како точни.

Исфахан погоден со ракети „Томахавк“, а не со бустер бомби, штети врз објектите на земја, најголем дел од центрифугите „недопрени“ – американски разузнувачи за операцијата на САД врз Иран

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фросина Кулакова-детето ангел денес ќе наполнеше 23 години

Дејан Дејан

Села: Европскиот фронт“ нема да го поддржи законот за правична застапеност

Дејан Дејан

За уште една година САД ја продолжија вонредната состојба околу Западен Балкан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе