Вести Свет Топ вести

Извештајот на Вајц денеска пред европратениците

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска ќе гласа за Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од известувачот Томас Вајц. Очекувањата во Скопје се дека документот ќе испрати недвосмислена порака за поддршка на македонскиот јазик и идентитет, без дополнителни условувања.

Првично, извештајот требаше да биде на дневен ред на 4 јуни, но беше одложен на барање на Вајц поради силни притисоци од бугарски европратеници, кои не се согласуваа со јасните формулации за македонскиот јазик и идентитет. Вајц потенцираше дека документот е подготвен во координација со сите пратенички групи во ЕП и не смее да биде жртва на билатерални блокади.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека извештајот бил цел на обиди за редефинирање на македонскиот идентитет, со внесување изрази како „модерен“ или „сегашен“ македонски јазик.

Тој додаде дека огромното мнозинство во Европарламентот ја поддржуваат Македонија и се спротивставуваат на блокирачката политика. Според агендата на Европскиот парламент, седницата на Комитетот за надворешни работи ќе започне во 9:00 часот, а извештајот на Вајц е прва точка на дневниот ред. Повеќе амандмани од бугарски европратеници се веќе поднесени – дел од нив дури бараат документот воопшто да не се презентира.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија паднала за 13 позиции во најновиот Глобален индекс на мир

Дејан Дејан

И покрај прекршувањата, примирјето е во сила, тврди Трамп

Дејан Дејан

РУТЕ: Ниту една членка на НАТО не може да го одбие зголемувањето на трошоците за одбрана на 5%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе