Вести Македонија Топ вести

Кој се преговара во име на Македонија за историските и образовни теми со Грција?

Кој се преговара во име на Македонија за историските и образовни теми со Грција откако на затворена владина седница во јануари бил сменет составот на македонскиот тим во историската комисија со Грција. Освен дека историчарот Далибор Јовановски е претседател на Комисијата, нема информации кој експерт ја напуштил, а кој експерт влегол во тимот. Јовановски инаку и претходно беше копретседавач од македонска страна откако од Комисијата пред околу две години се повлече амбасадорот Виктор Габер, кој ја ја предводеше Комисијата од нејзиното формирање во 2018.

Од владата, за новиот состав на македонскиот тим во историската комисија со Грција, денеска само кратко беше потврдено дека тоа се случило на затворена седница.

„На затворена седница е направена промена на историската комисија со Грција, меѓутоа со оглед на фактот што станува збор за одлука којашто е донесена на затворена седница, ве замолувам деталите околу причините и кои се лицата да бидат добиени од страна на надлежното министерство, а тоа е министерството за надворешни работи и надворешна трговија“ изјави Марија Митева, портпарол на Влада на Македонија.

Телма упати парашње и до МНР за информации за новиот состав на македонскиот тим во Комисијата со Грциија и зошто не се соопштува за состаноците, вклучително и за Комисијата со Бугарија, која откако Владата во септември смени шест од нејзините седум члена нејзината работа како да премина во „илега“ со оглед што таа оттогаш одржала неколку средби со бугарските колеги, но во јавноста не се лиферува ниту збор за тоа, ниту е достапен некој член од Комисијата за изјава или информација.

Во одговорот од МНР за Телма се наведува дека со одлука на Владата е извршена промена на претседателот и членовите на Комисијата со Грција.

„Согласно одлуката, за претседател е именуван Далибор Јовановски. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети стои на располагање на Комитетот. Воедно, потсетуваме дека дискусиите и одлуките во рамки на неговата работа треба да се водат врз основа на научни аргументи и со целосно почитување на академската слобода. За сите дополнителни информации, јавноста ќе биде навремено информирана“ стои во информацијата од МНР за Телма.

Инаку за последната средба на Историската комисија со Грција, одржана пред два дена, јавноста дозна преку соопштение од грчкото МНР.

„Деветиот состанок на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања се одржа денес, 18 јуни 2025 година, во Атина, Република Грција. Мешовитата комисија за историски и образовни прашања ја изрази својата посветеност на обврските преземени со Преспанскиот договор. Двете страни разменија наставни програми за основно и средно образование. Датумот на следниот состанок на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања во 2025 година ќе се договори преку дипломатски канали“ се наведува во штурото соопштени од грчкот МНР за средбата.

Од 2018 година до март 2024 Мешовитата комисија за историски и образовни прашања со Грција одржа осум состаноц. Од она што го дознава Телма заеднички потпис од двата тима има на шест записници, додека два записника останале без потписи, но подоцна биле усогласени по електоронски пат. До последната средба која се одржа пред два дена, од која нема информации за што било разговарано и дали биле донесени некакви одлуки, Историската комисија со Грција немаше донесено заеднички препораки за историските настани и нивното толкување околу кои се спореа двете страни.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници

Дејан Дејан

СДСМ бара вонредна седница за разрешување на претседателката на Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе