Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изави дека Европската Унија останува цврсто посветена на зајакнување на Украина, додека лидерите на Г7 се собираат во Канада, за клучни разговори.
„За да постигнеме мир преку сила, мора да извршиме поголем притисок врз Русија – да се обезбеди вистинско примирје, да ја вратиме Русија на преговарачка маса и да се стави крај на оваа војна,“ рече фон дер Лајен на прес-конференција пред почетокот на состаноците.
Фон дер Лајен додаде дека самитот ќе биде „обележан од геоекономски и геополитички теми“, нагласувајќи ја потребата од отворен дијалог меѓу партнерите на Г7. „Враќањето на стабилноста и предвидливоста меѓу нас е приоритет број еден,“ рече таа.