Вести Свет

Седум жртви при силно невреме од снег и дожд во Јужна Африка

Силен временски фронт со снег и пороен дожд погоди делови од Јужна Африка при што загинаа најмалку седум лица. Јужноафричката метеоролошка служба предупреди на повеќедневни врнежи и снежни врнежи во провинциите Источен Кејп и Квазулу-Натал.

Дел од главниот автопат што ги поврзува двете провинции беше затворен поради снег, а активирани беа и тимови за справување со елементарни непогоди.

Иако снег повремено паѓа во некои делови на Јужна Африка, властите предупредија дека овој студен бран е особено силен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителен акт против 34 физички и три правни лица заради пожарот во ноќниот клуб „Пулс“

Дејан Дејан

Израел сугерира дека операцијата „Разбуден лав“ против Иран ќе продолжи

Дејан Дејан

Нуклеарните капацитети не смеат да бидат мета на напади, предупреди Меѓународната агенција за атомска енергија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе