Вести Македонија Топ вести

„Ѓаволот е во деталите“ потенцира Арсовски – низок изборен праг може да донесе фрагментирано собрание

Партиите почнаа да ги откриваат кандидатите за градоначалници и да кројат предизборни стратегии. Политичката битка доби и нов фронт на локално ниво. Во вечерашната Топ Тема дебатираат политичките аналитичари Ибрахим Мехмети и Петар Арсовски.

Според Арсовски идејата за една изборна единица не е нова туку таа беше и дел од работната група на ОДИХР, но немало епилог од тоа, а нејзината реализација најмногу ќе зависи од политичката волја.

„Овие измени на Изборниот законик најмногу се однесуваат на парламентарните избори, со исклучок на предлогот на Демократскиот сојуз за пилот општини и за отворени листи во некои од општините.“

„Ѓаволот е во деталите“ потенцира Арсовски, кој смета дека изборниот праг од 3 отсто од излезените избирачи или 5 отсто, може да значи изборен праг од 50 илјади гласа. Тој праг не може да го постигне ни една од овие партии кои се иницијатори на предлогот. Нискиот изборен праг може да донесе премногу фрагментирано собрание кое ќе исфорсира постизборни коалиции и може да направи посериозни политички импликации по изборите, а со високиот изборен праг да се исклучат партии кои не би требало да бидат исклучени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот фолклор инспирација за дуо „BudaPesme“ од Будимпешта

Дејан Дејан

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Дејан Дејан

Политички пораки и славенички фрази од Ахмети – лидерот на ДУИ се обрати пред чаирчани, на 23-годишнината од формирањето партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе