Вести Македонија Топ вести

Сирените се реалност, речиси, секоја вечер во Тел Авив – репортажа од Израел вечерва во КОД

Контрадикторни информации од израелските власти и Хамас околу евентуалниот план за примирје предложен од САД. Додека првичните информации беа дека Израел прифаќа план за прекин на огнот во замена за 10-мина заложници кои го преживеале киднапирањето на Хамас, милитантите на оваа терористичка група немаат јасен став, туку барање Израел да ослободи 1.100 палестински заложници.

Во меѓувреме жителите на Тел Авив, речиси, секоја вечер живеат со звукот на сирените, а Палестинците со часови чекаат да им биде подадено парче леб од хуманитарната помош која пристигна во Газа пред неколку дена. Снежана Лупевска Созен беше во Израел.

Неколку сцени се одигруваат и на плоштадот на уметноста во Тел Авив. Со големиот бројчаник кој ги покажува деновите изминати во заложништво и пораките. „Вратете ги дома веднаш“, му пркосат на Министерството за одбрана на Израел, затоа што се поставени спроти него. Создадено од волонтери и роднини на киднапираните и загинатите е симбол на болката. Поставени се неколку инсталации посветени на оние кои не се вратиле.

Најголемата е трпезата за Шабат. На празните жолти столчиња се поставени слики на сите 53 заложници, секој има своја приказна. Постојано има луѓе посетители, волонтери, роднини, уметници, настани со кои се испраќа порака до израелската влада да ги врати заложниците дома веднаш. Тунелот е копија на оној во кој се држени заложниците.

И додека политичарите се договараат, цивилите страдаат. Израелците погодени од болката нанесена на кобниот 7 октомври од милитантите на Хамас, Палестинците од постојаните борби кои се водат на територијата на Газа која е, речиси, срушена од секојдневните бомбардирања на израелските сили.

Сирените се реалност во, речиси, секоја вечер во Тел Авив. Но, жителите на овој модерен град веќе се навикнале на нив. Половина заминаа кон скривниците, другите ги игнорираа.

Ова е дел од вечерашниот КОД, каде има и информации што се е наведено во обвинението за лидерот на Беланоца и кои се убиства им се ставаат на товар.

Снежана Лупевска Созен

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прв состанок на контакт групата за помош на Украина без учество на САД – Зеленски побара зголемување на воената помош

Дејан Дејан

Бислимовски: Не очекувам дека ќе има промена на цената на електричната енергија за домаќинствата

Дејан Дејан

Обвинителството презема дејствија за дивоградбите во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе