Вести Свет Топ вести

Тржасковски или Навроцки – втор круг на претседателски избори во Полска

Полјаците денеска гласаат во вториот круг на претседателските избори кои, според анализите, ќе бидат крајно неизвесни во поглед на резултатите. Пред гласачите се двајца кандидати кои нудат сосема различни визииза иднината на земјата. На изборниот мегдан се либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Тржасковски и националистичкиот историчар Карол Навроцки.

Гласањето доаѓа во услови на зголемени регионални тензии поттикнати од руската војна во соседна Украина, безбедносните грижи низ Европа и внатрешните дебати за владеењето на правото. Исходот ќе одреди дали Полска ќе прифати популистичка патека на движење или ќе се насочи кон либерални, проевропски политики. Победникот ќе го наследи конзервативецот Анджеј Дуда, кому му завршува вториот и последен мандат на функцијата.

Анкетите укажуваат на исклучително тесна трка помеѓу Навроцки кој ужива 50,1 процент поддршка и Тржасковски со 49,9 проценти, разлика што е во рамки на маргината на грешка.

Гласачките места се отворија во 7 часот утрово, а ќе се затворат во 21 часот. Првите излезни анкети се очекуваат веднаш по гласањето, а конечните резултат се најавени за понеделник.

Претседателот во Полска, брзорастечка економија со 38 милиони луѓе, има моќ да става вето на закони и врховен командант е на вооружените сили.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прв состанок на контакт групата за помош на Украина без учество на САД – Зеленски побара зголемување на воената помош

Дејан Дејан

Бислимовски: Не очекувам дека ќе има промена на цената на електричната енергија за домаќинствата

Дејан Дејан

Обвинителството презема дејствија за дивоградбите во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе