Според прибраните докази дел од обвинетите од криминалната група Беланоца/Барон била поврзани со убиство на скопјанец за кого радикално-религиозниот лидер на скопската банда сметал дека е поврзан со истрагата за грозоморното убиство кај Смилковци, на Велигден 2012-та односно случајот познат како Монструм, открија денеска од Обвинителството откако беше покренато обвинение за криминалната група која се занимавала со трговија со дрога и извршила повеќе убиства и насилни инциденти.
Станува збор за убиството на Ибраим Ајдини извршено во август 2020-та година односно 8 години по злосторот од случајот Монструм. :
-Првообвинетиот во име на радикалното движење понудил и платил 10.000 евра за убиството, мотивиран од сомнение дека жртвата соработувала со институциите во предметот „Монструм“. Жртвата била застрелана во својот дом, со истрел во главата. Извршителите ги отстраниле доказите и побегнале, соопшти обвинителството.
Ајдини беше убиен во својата куќа во скопско Инџиково во август, а убијците го застрелале во глава иако во куќата била и неговата сопруга.
Немало никакви докази за поврзаноста на жртвата со истрагата за Монструм, но сепак обвинети од Беланоца сметале дека тој граѓанин чие убиство го организирале, всушност ги предал двајцата избегани во Косово, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири. Двајцата бегалци се уште се кријат во Косово иако се осудени на доживотен затвор во Македонија. Не беа испорачани иако неколкупати беа апсени и затворани.
Обвиненија за убиства за Беланоца/Барон и за продажба на дрога за Штекли