Нашата држава е лидер во Западен Балкан, ги направивме реформите и први повлековме транша од Брисел, истакна Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„До крајот на јуни месец, Македонија има намера да остане држава лидер на Западен Балкан во спроведени реформи. Имаме намера, оние средства кои што нѝ ги дава Европската Унија, до денар да си ги искористиме и во буџетска поддршка и во проекти за граѓаните. И тоа е наш императив и ние ќе успееме“, рече Пренџов.