Вести Економија Топ вести

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Цените се стабилни по завршување на мерката за скалести маржи, пазарната инспекција е на терен и ги проверува производителите, а до крајот на месецот ќе ги прошири контролите и на ланците маркети и на увозниците и на дистрибутерите. Доколку се забележи посериозен скок на цените, економија ќе ѝ предложи на Владата враќање на мерки за ограничување на цените.

Според министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши горната граница на поскапување би била меѓу 15 и 20 проценти за да се реагира.

„Ако регистрираме 10, 15 или 20 проценти поскапување на цена на одредени производи и ако ова го утврди пазарната инспекција, тие нè известуваат во писмена форма, нашиот сектор ги анализира податоците на инспекторатот и врз основа на тие анализи, ќе донесеме, нагласувам, поригорозни мерки“, изјави министерот Бесар Друмиши.

Извештајот на Државниот завод за статистика (ДЗС) во кој стои дека месечната инфлација е под еден процент и продолжување на трендот на намалување на годишната инфлација се доказ дека мерките на Владата дале резултати, смета Дурмиши. Сепак, ако се гледа на годишно ниво, цените на овошјето и на зеленчукот во април годинава и истиот месец лани се поскапи за 26, односно 13 проценти, а храната поскапела за пет проценти. Затоа се разгледуваат повеќе опции при евентуално воведување на нови мерки.

„Може да ја прошириме листата на производи кои ќе бидат опфатени со ограничена маржа. Може да додадеме повеќе производи. Може да го покачиме процентот на маржа, може да видиме кои се можностите. Ќе биде поригорозна мерка од оваа досега. Ова го кажувам за да ги известам трговците, дистрибутерите и производителите за да не се однесуваат девијантно и да не ги покачуваат цените без економска оправданост“, појасни Дурмиши.

Онлајн ценовници има, но не секаде. За аптеките засега останува обврската да ги објавуваат цените на производите, бидејќи не продаваат само лекови кои имаат регулирана цена. Трговците имаат рок од 30 дена да постават онлајн ценовник, ако биле претходно опоменати.

„Во делот на лекови, ако може да одвоиме ќе видиме, бидејќи им е регулирана цената, не се обврзани да ги стават на веб страна, но другите производи нормално е дека мора да ги објават на нивната веб страна“, дециден е министерот Дурмиши.

Со оглед на фактот дека има фирми кои имаат помалку од 10 вработени, но обрт од над 50.000 евра, како што предвидува законот, од економија размислуваат за дополнителни измени со кои и тие ќе бидат задолжени да објават онлајн ценовници.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Американецот Роберт Превост е новиот папа на Римокатоличката црква

Дејан Дејан

(Видео)Бел чад од Сикстинската палата – Избран нов Папа на римокатоличката црква

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе