Култура

Автентичното творештво на Стефан Маневски претставено во НГМ

Творештвото на Стефан Маневски, чиј индивидуален, автентичен израз предизвикал еволуција во скулптурата на нашата ликовна сцена, 26 години по неговата постхумна изложба во Музејот на современа уметност, е претставено во Националната галерија на Македонија, по повод одбележувањето 90 години од раѓањето на уметникот. Ретроспективата по фази го доволува нескротливиот креативен дух на Маневски, за чие проседе е својствено експериментирањето и одбивањето да ги почитува академските законитости при употребата на апаратот за заварување метал и неговата трансформација. Изложбата ја подготвија кураторките Маја Неделкоска-Брзанова и Маја Чанкуловска- Михајловска.

  • Одговоривме на задачата да претставиме еден хронолошки пресек од почетокот до крајот на творештвото на Стефан Маневски. Тој е прво препознатлив кај нас како скулптор. Не само по неговата творешка, скулпторска дејност, туку и по неговата педагошка дејност, бидејќи бил и професор на Ликовната академија, а извесен период и декан на Ликовната академија, кажа кокураторката Маја чанкуловска- Михајловска.

Од првата фаза на Маневски, со творби реализирани во гипс, е застапено делото „ Калина“, направено како фигура . Потоа авторот бргу преминува во создавање дела како асоцијативни фигурации. Овде се истакнуваат творбите со елементи на тотемски фигури кои уметникот продолжува да ги работи и во втората фаза, но во метал. Кај овие дела се забележуваат мотиви на зраци, ѕвезди, јадра или тантела, како дел од македонско фолклорно богатство. А, по примерот на светските тенденции Маневски прв го усвојува енформелот како гранка од апстрактното вајарство.

  • Тој го внесува она што во светски рамки се работи во периодот на енформелот. Тој во неговата скулптура во 60- тите, 70- тите години го внесува и во македонската уметност. На извесен начин тој ги поврзува светските културолошки вредности и естетиката на извесно национално обележје, кажа Чанкуловска- Михајловска.

Во третата фаза од творештвото, Маневски повеќе не ги расчленува творбите и се фокусира на минимализмот. Ја менува формата и бојата на металот. Тие повеќе не се изворни, туку металот е обоен, со додатоци на делови што се брановидни и мултиплицирани, па делата добиваат мазна, разиграна форма.

За потребите на изложбата со која НГМ за започна програмата за работа, за оваа година, покрај скулптурите на Маневски беа донесени дела, направени и во други медиуми, во сопственост на Националната галерија, МСУ, Заводот и музеј во Охрид и од семејството на авторот.

Повеќе од 100 дела, скулптури, графики и цртежи , ја чинат ретроспективната, јубилејна изложба на скулпторот Стефан Маневски. Таа во Даут пашиниот амам ќе биде отворена до 13 мај.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Времено запрена работата на Центарот за култура во Охрид

Дејан Дејан

Роксан Стојанов, ѕвезда на Париската опера: Вистинска среќа е да се биде мост меѓу две култури

Дејан Дејан

На македонските танчери им е потребен простор за изразување и одржлива структура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе