Нови радости во Зоолошката во Скопје. Се роди женско пони кое ги разбуди насмевките околу него.
„Утрово не дочека нова радост. Женско бебе кај пони коњите. Во последните 30 денови, имаме околу 30 нови бебиња во Скопје ЗОО“ стои во објавата споделена на официјалната „Фејсбук“ страница на Зоолошката градина во Скопје.
Покрај понито, во последниот месец се имаат родено 30 бебиња во ЗОО Скопје од кои бебе белоглав мршојадец кој е трајно заштитен во Македонија, а е еден од најзагрозените.
Родени се и два пара на лемури кои го збогатија нивното семејство. Принова има и кај најбрзите мајмуни. Се родија три бебиња кои во иднина се претпоставува дека ќе можат да трчаат и до 55 км на час.