Вести Свет Топ вести

Унгарскиот парламент денеска гласа за забрана на Прајд парадите

Унгарскиот парламент денеска треба да гласа за уставен амандман кој предвидува забрана на јавни собири на ЛГБТ+ заедницата, вклучително и Прајд парадите, што предизвика силни реакции кај здруженијата за човекови права и дел од меѓународната заедница.

Амандманот, поддржан од премиерот Виктор Орбан и партијата Фидес, ќе ѝ овозможи на државата употреба на технологија за препознавање лица за идентификација и евентуално санкционирање на учесниците.

Според владата, целта е „заштита на децата“, а амандманот ја потврдува уставната дефиниција на постоење на само два пола… Опозициската партија Моментум и активистите предупредуваат дека ова е опасен чекор кон авторитаризам и го споредуваат со политиките во Русија.

Илјадници граѓани протестираа изминатиот месец, а за денеска е најавено блокирање на зградата на парламентот.

Повеќе европски амбасади и ЕУ претставници ја осудија мерката, оценувајќи дека ја загрозува слободата на изразување и правото на мирен протест.

Здруженијата побараа ЕК итно да покрене постапка против Унгарија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарот кај валандовско Грчиште е под контрола

Дејан Дејан

Повисоки цени во однос на мај – услов за активирање на владини мерки

Дејан Дејан

Муцунски: Во 21 век идентитетот е категорија која земји што се нарекуваат европски се обидуваат да ја оспорат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе