Вести Македонија

Зошто актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата за пожарот во Кочани?

Актуелниот министер за економија и труд Бесар Дурмиши не е опфатен со истрагата за трагичниот пожар во Кочани во ко досега загинаа 61 млад човек и се повредени 197. Државниот обвинител Љупчо Коцевски потврди дека Дурмиши не е опфатен со истрагата.

-Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи нема ниту еден доказ дека сопственикот на клубот иницирал постапка за нова лиценца во 2025 година, изјави обвинителот Коцевски на денешната прес конференција.

4-ца претходници на Дурмиши (Сарачини, Незири, Кучи и Бектеши) се опфатени со истрагата, а Бектеши е во притвор повеќе од еден месец.

Обвинителот не одговори конкретно дали има докази дека кај претходните министри била иницирана ваква процедура за издавање лиценца или не.

На веб сајтот на економија на денот на трагедијата стоеше листа на издадени лиценци од 01.01.2017-та година и на неа “Пулс” го има двапати односно дека добил лиценци во март 2021-ва и во март 2023-та. Во 2022-ра пак “Пулс” добил бесплатно продолжување на лиценцата во рамки на мерките за поддршка за време на пандемијата со корона.

На новинарско прашање дали Министерството било должно да ги проверува условите по добивањето на лиценците, Коцевски кусо одговори дека истрагата е обемна за детално да ја објасни.

-Само можеме да ја оптоваруваме јавноста во тој дел, ова ви го кажав она што е за јавноста битно, што е достапно за јавноста, а истрагата понатаму ќе тече, со тоа што морам да ви соопштам дека истрагата мора да заврши уште два месеца, одговори Коцевски.

Пред две недели, во емисијата КОД, емитувана на Телма, беше објавено дека ОВР Кочани (полицијата во Кочани) во ноември 2022-ра има доставено проблемска информација до СВР Штип за прекршоците, кривичните дела и сообраќајните прекршувања во и околу Пулс. Со таа проблемска информација, ОВР Кочани предложило СВР Штип да иницира постапка до надлежните органи, лиценцата на кабарето да биде одземена и да не и се додели повторно.

Министерството за економија е надлежно за издавање и одземање лиценци за кабареа, дискотеки и ноќни клубови.

Но, не е познато што е сторено по таа проблемска информација и кој е известен за проблемот со Пулс. Неколку месеци подоцна, во март 2023-та, кабарето добива нова лиценца и покрај негативната проблемска информацика. Дел од тогашните баратели за одземање на лиценца на Пулс, сега се во притвор и се меѓу 7-те осомничени полициски службеници и началници.

Миомир Серафиновиќ

Уште четворица во притвор за трагедијата во Кочани, меѓу нив министерот Салиу

КОД: Пред две и пол години полициски службеници барале затворање на Пулс во Кочани, дел од нив сега се во притвор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе