Вести Македонија

Се излеа Маркова река кај селото Батинци

Неизвесна е ситуацијата во селото Батинци, во оптшина Студеничани откако вечерва Маркова Река и околните водотеци го наполнија речното корито и водата почна да се излева кон околните куќи.

Од снимките се гледа дека водата го преплавува коритотото и на неколку места истекува по улиците. На критичните точки се прават насипи, ангажирани е маханзиација од страна на општина Студеничани, информирани се ЦУК и ДЗС, но локалните власти во изјава за Телма велат дека врнежите нема да прекинат во текот на ноќта, и ги известиле и сите надлежни инистуциии дека ситуацијата може да ескалира.

Проценките се прават од минута во минута, а  жителите истовремено се обидуваат да спасат што може да се спаси од своите подруми и дворови.

Неколку куќи кои се во близина на речното корито веќе се поплавени.

Дополнителен проблем за надлежните е мостот пред влезот на Драчево кој не може да го собере целиот проток на вода, бидејќи шутот и граѓата го затвора протокот на вода под мостот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе