Вести Македонија

Парастос за упокоените, молитва за повредените и заупокоена литургија во храмовите на МПЦ-ОА

Во храмовите на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) денеска и во петок ќе биде отслужен парастос за жртвите во трагедијата во Кочани, а потоа и молитва за исцеление на повредените.

„Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан повелува утре, среда, 19.3.2025 и в петок, 21.3.2025 г. по Претходноосветената Литургија да се отслужи Парастос за невино настраданите во трагедијата во Кочани. Веднаш по Парастосот, пак, да се принесен Молитва за исцеление на повредените“, се вели во известувањето до верниците.

Во сабота во 9 часот, во манастирот „Св. Јован Крстител“ во Капиштец, пак, со благослов на г.г. Стефан, ќе се служи Заупокоена литургија за покој на душите на сите настрадани во неодамнешната трагедија во Кочани, како и за прерано починатиот студент по теологија на Православниот богословски факултет Јане Глигороски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе