Вести Македонија

Со 15 милиони денари ќе се реконструира и санира црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица

Со 15 милиони денари ќе се реконструира и санира црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица. Станува збор за црква од 19 век, една од најстарите и најзначајните црковни храмови во овој град, која со години се соочува со протекување на покривната конструкција и уништување на внатрешноста на црквата. Реконструкцијата ја најави министерот за култура и туризам, кој беше во посета на повеќе локалитети и институции во градот.

“Денеска со големо задоволство ги најавувам четирите капитални проекти кои ќе започнат годинава во Струмица. Овие проекти не само што ќе ја подобрат инфраструктурата, туку и ќе придонесат за зајакнување на нашето културно наследство и подобрување на животот на граѓаните” – кажа Љутков.

Конзервацијата, реставрацијата и санацијата на храмот „Свети Кирил и Методиј“ ќе се одвива заедно со Завод и музеј Струмица, а овој месец ќе се распише и јавна набавка за овој проект.

Љутков спомна дека ќе се доврши и изградбата на стариот струмички театар кој следната година би требало да е готов по речиси десет години градба. За реализација на овој објект одвоени се над 196.000.000 денари.

Исто така ќе се работи  проектот за кровна конструкција на термалното лекувалиште Бања Банско. Овој проект е веќе одобрен со поддршка од Европската унија, а за него се предвидени над 25.000.000 денари. Во склоп на проектот ќе биде поставен инфо пункт за туристи.

Ќе се конзервира и санира и покривот на манастирот „Св. Леонтиј” во Водоча. За реализација на проектот, кој е од суштинско значење за историјата на Струмица, ќе бидат одвоени 1.200.000 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска-Давкова од Астана Форумот: Потребен ни е свет што проблемите ќе ги решава со принципи, а не со моќ

Дејан Дејан

Митева: Со Оперативниот план за вработување треба да се промени логиката на државната поддршка

Дејан Дејан

Инженери на Република Македонија: Од денес ЕВН не смее да издава паушални фактури ако струјомерите се исправни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе