Вести Македонија Топ вести

Се договориле за поскапување на премијата за осигурување при регистрација на возила – КЗК за картелско здружување на осигурителни компании

Картелско здружување на осигурителни компании е формирано во април минатата година, кога е договорено да се поскапи премијата за осигурување при регистрација на возилата, соопшти Комисијата за заштита конкуренција (КЗК).

Комисијата донела прелиминарна одлука според која 10-те осигурителни компании имаат законски рок од 15 дена да се произнесат. Доколку наводите се потврдат, Комисијата ќе донесе прелиминарна одлука со предлог казна која се движи до најмногу 10 проценти од остварениот промет во 2023 година.

Во соопштението на КЗК стои дека имаат цврсти докази, прибрани при увид во канцелариите на осигурителните компании, како и докази прибрани од нивната меѓусебна комуникација.

Во април минатата година, меѓу двата изборни круга, осигурителните компании ја поскапеа премијата за 15,44 проценти, што резултираше со дополнителни трошоци за граѓаните и до 1.200 денари при регистрирање на возилата. Одлуката беше обжалена од министерството за финансии и потоа Владата на седница донесе одлука со која го утврди највисокито износ за режиски трошоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе