Вести Македонија Топ вести

Приведени двајца млади државјани на Турција- возеле автомобил во спротивна насока во центар на Скопје

Синоќа во централното градско подрачје на Скопје полицијата привела двајца државјани на Турција кои со изнајмено возило рент-а-кар се движеле во спротивна насока. Според информациите на МВР двајцата државјани на Турција се на возраст од 19 и 20 години.

  • Синоќа во 20.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Н.Џ.Е.(20) и Б.У.(19), двајцата од Република Турција, затоа што со патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент а кар компанија, се движеле во спротивна насока на булевар на подрачјето на Центар, стои во соопштението од МВР.

По документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓните ги добија првите сметки за струја со упатство како се читаат броилата

Дејан Дејан

Над 20 повредени откако се преврте автобус во северна Германија

Дејан Дејан

Експлозија на бензинска пумпа во Рим, повредени полицајци и пожарникари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе