Вести Свет

Петковиќ: Србија на чело со Вучиќ никогаш нема да го признае Косово

Директорот на српската владина канцеларија за Косово, Петар Петковиќ денеска оцени дека „косовскиот премиер Албин Курти може само да сонува дека официјален Белград ќе го признае независно Косово, исто како што сонува за т.н „Голема Албанија“.

Имаме лоши вести за Курти – додека на чело на Србија е претседателот Александар Вучиќ, официјален Белград никогаш нема да го признае т.н. независно Косово, а Курти може само да сонува за тоа, како што сонува за таканаречената „Голема Албанија“ чии знамиња толку страсно ги вее на своите митинзи, но тука завршува се, рече Петковиќ во изјавата.

Курти на социјалните мрежи објави фотографии од предизборниот митинг на неговата партија Ветевендосје пред парламентарните избори во Косово, а на една од нив позираше со активист кој држи знаме на „Голема Албанија“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе