Вести Македонија Најважни

По Хрватска, најава за бојкот на маркетите и во Македонија – граѓаните со поделени мислења

Во Хрватска започна, се шири како епидемија во земјите од регионот. Бојкотот на маркетите добра идеја и за македонските потрошувачи. Целта е да се намалат цените на храната. На социјалните мрежи кружат повици, граѓаните на последниот ден од месец јануари во продавниците и големите маркети да не пазарат ништо, со тоа да извршат притисок и врз трговците и врз Владата да преземат мерки за подобар животниот стандард. Интересот за акцијата добива лајкови на интернет, на терен граѓаните се согласни, но дел од нив се сомневаат дали оваа акција ќе има ефект.

Не се организатори, но ги поддржуваат повиците за бојкот, велат и од организацијата на потрошувачи. Оптимисти се дека со тоа ќе се постигне целта.

Прашан и премиерот Мицкоски и опозициската СДСМ даваат поддршка на оваа акција.

Во Хрватска на 24 јануари се одржа бојкот на продавници, бензински пумпи и трговски синџири поради енормно високите цени, а платформата за заштита на хрватските потрошувачи „Ало, инспекторе“ со повик до граѓаните за нов бојкот вo петок. И на социјалните мрежи во Босна и Херцеговина се шират повици за бојкот, а слични иницијативи се најавени и во Црна Гора.

Во Македонија изминативе години се спроведуваа разни мерки за ублажување на инфлацијата. Се замрзнуваа цените и маржите, а се спроведоа и кошнички. Со последната дојде до компликации откако едни производи поевтинија, но на други им се качија цените, па потоа ССМ излезе со податок за зголемеми месечни трошоци, а статистика со бројка за зголемена инфлација.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе