Вести Свет

Кошта: ЕУ мора да ги исполни ветувањата кон кандидатите за членство

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, порача дека Европската унија е посветена на своето проширување, нагласувајќи дека шесте земји од Западен Балкан, Украина и Молдавија напорно работат за исполнување на своите обврски.

Тој ги повика земјите на ЕУ да ги исполни дадените ветувања кон овие земји.

Кошта на иста линија со Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, нагласи дека ЕУ треба да продолжи да инвестира во мирот и безбедноста на континентот и да ги зајакне своите одбранбени капацитети, како и економските и трансатлантските односи, со цел да се справи со геополитичките предизвици.

Пред него високиот дипломат Каја Калс рече дека земјите од ЕУ мора да го послушаат новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и да почнат да издвојуваат повеќе средства за својата одбрана, потенцирајќи го притоа ризикот кој произлегува од заканите на Русија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе