Вести Свет Топ вести

ТикТок престана да работи во САД – апликацијата е отстранета и од продавниците на Гулг и Епл

Денеска ТикТок престана да работи во САД, откако стапи на сила новиот закон за забрана на платформата. Во пораката што се појави во апликацијата за американските корисници се наведува дека е донесен закон со кој се забранува ТикТок, што значи „засега не можете да го користите ТикТок“.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп рече дека „најверојатно“ ќе му даде 90-дневно одложување од забраната на ТикТок, откако ќе ја преземе функцијата утре.

Корисниците објавија дека апликацијата е отстранета и од продавниците за апликации на Епл и Гугл во САД, а tiktok.com не ги прикажува видеата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе