Вести Свет Топ вести

Пукал од автомобил во движење, видеото излезе во јавност – хрватски вицепремиер поднесе оставка

Вицепремиерот и министер за земјоделство на Хрватска, Јосип Дабро поднесе оставка откако во јавноста протече видео на кое се гледа како тој преку отворен прозорец пука од пиштол, додека се вози во приватен автомобил. Оставката, како што објави на својот Фејсбук профил, ја поднесува од морални причини.

На снимката што ја објави Јутрањи лист се гледа како Дабро се вози на совозачкото седиште во автомобил, облечен лежерно, во шорцеви и маица, и пука од пиштол во близина на населено место. На снимката, Дабро најпрво го репетира пиштолот и вели: „Само за мојот брат Марио“. Потоа испукува 15 истрели од пиштол низ прозорецот. Кон крајот на снимката, Дабро го става пиштолот во кабината кај совозачкото седиште каде седи и вели: „Поздрав брате Марио, добра ноќ“.

По објавувањето на видеото, Дабро ја потврди неговата автентичност, но тврдеше дека не пукал со вистински куршуми, туку со маневарска муниција.

Хрватската Влада го оцени „ваквото однесување и употреба на огнено оружје како несоодветно и неодговорно“, иако посочуваат дека снимката била направена пред Дабро да стане министер.

Хрватската полиција и обвинителството започнале истрага и утврдуваат дали Дабро сторил кривично дело – загрозување на животот и имотот со општо опасно дело или средство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе