Вести Свет

(Видео) Пепел и урнатини – Парис Хилтон сподели снимка од нејзината уништена куќа во Малибу

Парис Хилтон сподели емотивна снимка на платформата Икс од нејзината уништена куќа во Малибу.

„Стојам овде на местото кое некогаш беше наш дом, а тагата не може да се опише“, напиша таа.

Хилтон нагласи дека многумина не загубиле само куќи, туку и спомени кои тие куќи ги правеле на семејствата. За загубата на нејзиниот дом, нагласи таа, дознала додека гледала во живо на ТВ како пожарот го „голта“ Малибу.

Глетката ја опиша како нешто што „никој не треба да го доживее“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе