Вести Свет Топ вести

2024 прогласена за најтопла година во историјата

Земјата на запиша 2024 година во историјата како најтопла година со голем пораст на температурата со кој планетата привремено го надмина клучниот праг од 1,5 степени Целзиусови, кој беше поставен со Парискиот климатски договор од 2015 година.

Според податоците на различни метеоролошки агенции, како што се Европската комисија, Британскиот метеоролошки завод и Јапонската агенција за време, глобалната температура во 2024 година била 1,6 степени Целзиусови над просечната температура од доцниот 19-ти век.

Овој пораст значи дека температурата на Земјата преминала преку границата од 1,5 степени Целзиусови, што се смета за важен климатски праг.

Најтоплиот ден на Земјата е 10 јули 2024 година, кога глобалната просечна температура изнесувала 17,16 степени Целзиусови.

Најголемиот фактор за ова рекордно загревање е согорувањето на фосилни горива, но природниот феномен Ел Нино исто така има мал ефект врз порастот на температурата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Десетици илјади шиитски муслимани маршираат кон Карбала за Ашура

Дејан Дејан

Израелски рабин се заклучи во кафез 50 часа во знак на протест за заложниците во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе