Вести Свет Топ вести

Стотици Молдавци останаа без греење откако Русија ја прекина доставата на гас

Стотици луѓе во Молдавија останаа без греење и топла вода откако Русија ги прекина испораките на гас за сепаратистичкиот регион Приднестровје, поради наводен долг од 709 милиони долари за претходни испораки.

Прекинот стапи на сила на први јануари, еден ден по истекувањето на договорот за транзит на гас помеѓу Русија и Украина.

Руската компанија Газпром соопшти дека во прекин е снабдувањето преки гасоводот кој го снабдува најголемиот енергетски објект во Приднестровје, електраната Кучиурган, што предизвика прекини на снабдувањето со електрична енергија, а со тоа и затоплувањето на домовите во регионот.

Молдавската влада тврди дека долгот на Приднестровје изнесува само 8,6 милиони долари и го обвинува Кремљ за користење на енергијата како политичко оружје.

Меѓувреме, Молдавија воведе мерки за заштеда на енергија, како намалување на осветлувањето и прераспределување на енергетските ресурси.

Молдавскиот претседател Маја Санду најави помош за населението, вклучувајќи снабдување со генератори и дрва за огрев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Десетици илјади шиитски муслимани маршираат кон Карбала за Ашура

Дејан Дејан

Израелски рабин се заклучи во кафез 50 часа во знак на протест за заложниците во Газа

Дејан Дејан

Меѓупартиски судир на наративи: ВМРО-ДПМНЕ слави, СДСМ предупредува за економски пад и одлив на инвестиции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе