Вести Свет

Хутите ја пробија израелската воздушна одбрана и го погодија Тел Авив

Јеменските хути извршија ракетен напад врз Тел Авив. Израелската војска потврди дека обидите за соборување на проектил истрелан од Јемен биле неуспешни и дека паднал во јавен парк. Воениот портпарол на Хутите рече дека групата погодила воена цел користејќи хиперсонична балистичка ракета.

Хутите, бунтовничка група поддржана од Иран, која го контролира северозападниот дел на Јемен, почнаа да го напаѓаат Израел и меѓународните бродови веднаш по почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година, инсистирајќи дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците.

Израелската војска соопшти дека оттогаш од Јемен кон Израел биле истрелани околу 400 проектили и беспилотни летала, од кои повеќето се соборени. По ракетниот напад рано утринава, израелската служба за итна медицинска помош соопшти дека на 16 лица им биле укажани „полесни повреди“ од фрагменти од стакло од скршени прозорци во околните згради.

Дополнителни 14 лица се здобиле со полесни повреди на пат кон заштитените подрачја.

На почетокот на оваа недела, Израел изврши серија напади врз, како што рече, воените цели на Хутите, погодувајќи ги пристаништата, како и енергетската инфраструктура во главниот град на Јемен, Сана. Телевизијата Ал Масира, која ја водат Хутите, во таа прилика објави дека девет лица загинале во пристаништето Салиф и нафтениот терминал Рас Иса. Хутите ветија дека ќе продолжат со нападите додека не заврши војната во Газа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе