Вести Свет Топ вести

Убиен првиот човек на руските нуклеарни сили Игор Кирилов

Со експлозивна направа поставена во близина на станбен блок во Москва утринава убиен е шефот на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана, генерал-полковник Игор Кирилов, како и неговиот помошник. Експлозивот бил поставен во електричен тротинет и според првичната истрага бил активиран со далечински управувач. Во него имало 300 грама експлозив, а жртвите биле во близина кога експлодирала бомбата. Портпаролката на истражниот комитетот Светлана Петренко, ја потврди смртта на двајцата припадници на руските нуклеарни сили и рече дека руските истражители веќе работат на овој случај.

  • „Главниот истражен оддел на рускиот истражен комитет за градот Москва отвори истрага за кривично дело за убиство на двајца војници во Москва. Според истрагата, утрото на 17 декември, на Рјазански Проспект во Москва била активирана експлозивна направа, поставена во скутер паркиран до влезот на станбена зграда. Како резултат на инцидентот загинаа шефот на радијационите, хемиските и биолошките трупи на руските вооружени сили Игор Кирилов и неговиот помошник, изјави Светлана Петренко“, изјави портпарол на Рускиот истражен комитет.

Кирилов беше на листата главни виновници на украинските безбедносни служби за употреба на забрането хемиско оружје за време на руската воена операција во Украина. Од февруари 2022 евидентирани се повеќе од 4.800 употреби на хемиско оружје на бојното поле посебно гранатите К-1. И Стејт департмент соопшти дека е евидентирана употреба на хемиско оружје кое првпат се користело во Првата светска војна. Кирилов, кој беше именуван за шеф на руските сили за нуклеарна одбрана во април 2017 година, беше под санкции од неколку земји, вклучително и Велика Британија и Канада, поради неговата улога во Украина.

Извор на Би-Би-Си во Украинската служба за безбедност вели дека Кирилов бил „легитимна цел“.

Украинската воена разузнавачка агенција и Пентагон соопштија дека севернокорејски војници се убиени за време на борбите против украинските сили во пограничниот регион Курск на Русија. Ова се првите пријавени жртви откако САД и Украина објавија дека Северна Кореја испратила 10.000 до 12.000 војници во Русија за да и помогнат во речиси 3-годишната војна.

Претседателот Володимир Зеленскиј тврди дека Русија се обидува да ги прикрие загубите што ги претрпеле Севернокорејците кои се борат заедно со руските сили. Според него не постои ниту една причина Севернокорејци да гинат во оваа војна.

  • „Врховниот командант извести за вмешаност на севернокорејски војници кои се борат заедно со руската армија. Има многу детали за елиминација и на овие сили. Прелиминарните податоци сугерираат дека Русите се обидуваат да ги прикријат загубите на Севернокорејците“, рече Володимир Зеленски, украински претседател.

Украинската воена разузнавачка агенција соопшти дека околу 30 севернокорејски војници биле убиени или ранети за време на битката со украинската армија во текот на викендот.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите меѓу Москва и Баку – Русија го повика Мустафаев

Дејан Дејан

Екс заменик-министер за одбрана на Русија осуден за корупција

Дејан Дејан

Со над 200 амандмани почнува расправата за ребалансот на Буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе