Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Вануату, во близина на главниот град Порт Вила. Земјотресот се случи на длабочина од 10 километри и предизвика значителни оштетувања на згради и инфраструктура.
Во почетокот беше издадено предупредување за цунами, но тоа беше повлечено по неколку часа. Снимките на социјалните мрежи покажуваат урнати згради, оштетени автомобили и разфрлана покуќнина.
Американската амбасада во Порт Вила е една од оштетените згради. Спасувачите се на терен, а комуникациите се тешко нарушени. Засега не е познат бројот на жртви.