Вести Свет Топ вести

(Видео) Демонстранти ја урнаа статуата на таткото на Башар ал Асад во Дамаск

Демонстранти во сирискиот главен град Дамаск ја урнаа статуата на Хафез Асад, таткото на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Демонстрантите се собрале на централниот плоштад во населбата Џарамана. Плоштадот го носи името на Хафез Асад, а неговиот споменик е соборен и сниман на видео кое е објавено на социјалните мрежи.

Насобраните се упатија кон владините згради во областа на главниот град под силен полициски надзор.

Демонстрантите маршираа кон полициските канцеларии, барајќи да бидат испразнети, соопштија активисти. Властите ги толерираа повеќето протести на малцинството Друзи во земјата, за разлика од другите области контролирани од владата каде што безбедносните сили пукаа врз демонстрантите.

Инаку, семејството на Асад владее со Сирија во последните 53 години. Но, американски функционер, кој побарал да не биде именуван, за „Си-Би-Ес“ изјави дека Дамаск се чини дека „паѓа во рацете на бунтовниците, предградие по предградие“, додавајќи дека борците кои се противат на режимот на Асад напредуваат на главниот пат кон сириската престолнина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две нови барања на семејства на загинати во пожарот во „Пулс“ во Кочани, во сабота нов „Марш на ангелите“

Дејан Дејан

Судијката Даниела Димовска е в.д. претседателка на Кривичен

Дејан Дејан

Западен Балкан како под вршник, Пиринеите и Англија со најтоплиот јуни досега

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе