Вести Свет

Тројца загинати и предизвикана материјална штета во невремето „Бора“ што ја зафати Грција

Противпожарната служба на Грција од саботата претпладне до шест часот утрово примила 3.937 повици за помош поради невремето „Бора“ што ја зафати земјата и предизвика материјална штета, а загинаа и три лица.

Повеќе од половина од повиците, односно 2.480 биле во северниот дел на Грција, 1.261 на Родос, а останатите на островите Лимнос и Хиос и во североисточниот дел на земјата.

Денеска ситуацијата е значително подобрена во цела Грција, а според порталот „Метео“ на националната опсерваторија во Атина, за нешто помалку од три дена, односно од саботата до вчера биле регистрирани „екстремно високи врнежи од дожд во областите Халкидики, Пиерија, Иматија, Пела и на островите Родос, Лимнос и Тасос“.

Поконкретно најголема количина дожд, за конкретниот период имало на две места на Халкидики (550 и 452 милиметри) и на Родос (340 милиметри).

На островите Родос и Лимнос од вчера е прогласена вонредна состојба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе